Законот за употреба на македонскиот јазик не е никаков политички договор или диктат, туку заштита на јазикот како нематеријално и духовно наследство. Законот настана како еден вид реакција на се што се случува во однос на јазикот, преголемото присуство на интернационализми, позајмени зборови. Со овој закон се воведува ред, изјави министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Имаме обврска да одговориме на сите предизвици пред кои стои јазикот. Ако треба поголема законска регулатива, тоа ќе го направиме. Законот беше долго работен со Советот за македонски јазик и целата стручна фела. Во конструктивна дебата имаше предлози, кои беа вградени во законското решение, рече Костадиновска-Стојчевска вечерва во „24 анализа“ на ТВ24.

Министерката додаде дека од измените на овој закон произлегоа и измените на Законот за државни награди, каде што се воведуваат две нови награди со цел признавање на трудот на македонистите.

Таа нагласи Законот за употреба на македонскиот јазик, како закон кој допрва треба да се изгласа, ќе предизвика промени и усогласувања и на други закони, влучително и на законот за употреба на јазиците. За тоа, вели, е веќе разговарано на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и се разгледуваат и анализираат сите промени што ќе треба да се случат.

Тука се промените за продолжување на стипендиите за македонистите, регулирањето на бројот на часови по македонски јазик на сите нивоа во образованието, па и на Законот за употреба на јазиците, рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека сите потребни усогласувања ќе се направат, а иницијативата за тоа веќе се подготвува.

Посочи и дека со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик новина е инспекторатот, кој, вели, не треба да се сфаќа како нов вид полиција или казнена политика, тука како механизам што ни е потребен, за да се реагира и унапреди употребата на јазикот, да не се реагира само на социјалните мрежи.

Зборуваме за уредување и унапредување на користењето на македонскиот јазик и кирилското писмо. Секаде каде што ќе биде забележана неправилна употреба на јазикот, ќе се предупреди и санцкионира, рече Костадиновска-Стојчевска.

Велика Стојкова Серафимовска пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа истакна дека е потребно законско решение.

Со употребата на законот за употребата на јазици се случи хаос. Македонскиот јазик во неколку средини стана второтстепен. Допрва треба да почне собраниската процедура и да се отвори дебата на која ќе има дополнителни предлози. Сметам дека донесувањерто на ваков закон е многу потребено, особено во делот за инспекторатот и конечно да се уредат некои работи во врска со употребата на службениот јазик, рече Стојкова Серафимовска.

Емил Ниами славист во емисијата 24 анализа рече дека ние од 1998 го имавме законот за употребата на македонскиот јазик и не беше лош и не се применуваше.

Тоа беше неубав момент, постои закон кој не се применува и на тој закон се додаваа измени. Многу сум задоволен што го актуелизираме ова прашање. Последната јавна расправа за законот беше декември 2020. Сега многу работи за кои имавме забелешки на јавната расправа се изменија, иако далеку од тоа дека законот е перфектен, рече Ниами.