Македонскиот одбојкарски шампион Струмица не успеа да го одбрани домашниот терен во рамките на меѓународниот Челинџ куп под покровителство на ЦЕВ.
Во реванш-средбата, исто како и на првиот дуел одигран на гостински терен, македонскиот претставник претрпе пораз од финскиот тим Валепа со максимални 3:0 во сетови, со резултат 23-25, 20-25 и 15-25.
Најефикасен поединец во редовите на финскиот состав беше Роланд Џексон Флорез кој запиша 13 поени, додека Урпо Сивула реализираше осум поени. Кај тимот на Струмица, Тејлор Трип беше прв поентер со девет освоени поени, а Кристијан Илијев го заврши мечот со седум постигнати поени.
