Македонските граѓани кои поминаа шест денови во Израел од почетокот на војната и денеска треба да бидат евакуирани, се наоѓаат на аеродромот во Тел Авив од каде наскоро со неколку српски и црногорски државјани треба да полетаат кон Скопје со авион на Ер Србија, јавуваат дел од српските медиуми.
Како што се јавува, планот за евакуација предвидува авионот да полета од Тел Авив во 13.30 часот.
Медиумите пишуваат за гужва во Тел Авив за летот со кој се извлекуваат македонските заедно со неколкумина српски и црногорски државјани Македонската влада вчера органиираше лет за вкупно 90 наши граѓани кои се наоѓаа во Изреал, а со овој лет како што објавија српските медиуми ќе бидат вратени и група српски и неколку црногорски државјани кои последните два дена се обидувале да пронајадат слободни летови за да се вратат дома.
Трошоците за летот со Ер Србија ќе ги подмири македонската влада која вчера соопшти дека одлучи да организира чартер лет за евакуација од Тел Авив.
„Во услови на потполно откажани летови и блокиран авио превоз со Израел, соработката со Ер Србија за превоз ан граѓани, кои побараа помош надминат е предизвикот за организирање на овој чартер лет. Авио Превозот кој ќе биде организиран ќе биде бесплатен за граѓаните кои побараа помош”, беше наведено во соопштението.