Од 16 до 31 јули 2023 година во Фукуока – Јапонија ќе се одржи Светското првенство во сениори во пливање на кое треба да земат учество и четири пливачи и да ја претставуваат Македонија.
Во тимот за Светското првенство предводен од тренерот Илија Стојановски се Миа Блажевска Еминова, Ева Петровска, Никола Ѓуретановиќ и Андреј Стојановски.
– Дали знаете дека овие деца ќе одат на светско само доколку самите си ги платат трошоците за превоз и сместување? Дали знаете дека Владата, Агенцијата за млади и спорт и многу други институции се добро запознаени со нивната состојба, но сеуште никаде ги нема. Додека ги држат во неизвесност и додека овие деца се надеваат дека некогаш ќе добијат позитивен одговор, цените на авионските билети од ден на ден се се поскапи. Толку ли Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport неможе да ги купи билетите? За што е всушност оваа агенција ако нашата спортска иднина треба да собира донации за да ја претставуваат Македонија? Влада на Република Северна Македонија нели поддржува млади таленти???