На вчерашната вонредната средба со ополномошната амбасадорка на Северна Македонија во Софија, Агнеза Руси Поповска која беше повикана во ова министерство. Бугарската страна додава дека „се воздржуваат од секојдневните провокации“ кон нивната страна.

„За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и не се ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред нејзините граѓани“, се вели во ставот на Министерството за надворешни работи.

Бугарија бара „политичка зрелост“ од Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија уште еднаш ја покани политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година. Тој договор беше потпишан меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов.

Оттаму оценуваат дека: Македонските политичари даваат неточни изјави за Бугарија

Оттаму заклучуваат дека ова е единствената можност за постигнување вистински напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата за доброто на нејзините граѓани, велат од ресорот.

Јавноста бара реципроцитет – вклучување на Македонците во бугарскиот Устав

Македонските власти можеби честопати се популиви, но нашата јавност најголем проблем во македонско-бугарските односи го гледа во немањето реципроцитет односно се бара и Македонците да бидат дел од бугарскиот устав и уште неколку точки кои произлегуваат од „договорите за добрососедство“.

Инаку, Бугарија го блокира членството на Македонија во Европската Унија и засега не е на повидок решавање на проблемот.