Покрај скапите туристички аражмани за летување во странство, дополнителен трошок за оние граѓани кој ќе патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил се трошоците за зелен картон и меѓународна возачка дозвола.
Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство. И натаму ќе мора да се издвојува и до 40% од минималната нето-плата за зелен картон.
Во Македонија, како што може да се види, годишниот зелен картон за возила до 66 KW изнесува 3.690 денари, додека над 66 KW изнесува 5.536 денари. Може да се извади и месечен и истиот изнесува 1.850 денари за возила под 66 KW, односно 3.075 денари за возила над 66 KW.
Дека цените на зелениот картон во Македонија е астрономска покажува и споредба со Србија. Цената на зелениот картон во Србија изнесува 2.000 динари односно околу 1.000 денари. Тоа е и за шест пати помалку од годишниот зелен картон за возила над 66 KW.
Цената на зелениот картон во Црна Гора изнесува 30 евра или нешто помалку од 2.000 денари. Во Бугарија цената на зелениот картон исто така е далеку помала и истиот е вклучен во годишното осигурување. Во Италија цената на зелениот картон изнесува само 10 евра.
Во Македонија цената на картонот ја одредува Комисија за автоодговорност при Министерството за финансии.