-Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката.
Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
-Да го почитуваме и славиме Денот на двата ИЛИНДЕНА, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Друштвото постира и фотографија од илинденски излет на Македонците во Тирана во 1937 година.