На средината на октомври повторно ќе разговарам со претседателот Бајден за да ги појасниме нашите намери, рече францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за подморниците и француско-американските односи, јави дописничката на МИА од Атина.
За телефонскиот разговор со претседателот на САД Џо Бајден, Макрон рече дека нема ништо ново од она што веќе беше соопштено и повтори дека го изразил неговиот став за договорот со Австралија.
Истакна дека изборот на Австралија, со сите последици, кои останува да се одредат во следните седмици, не менува ништо и не влијае врз стратегијата на Франција во индо-пацифичкиот регион.