Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го повикал да „го почитува територијалниот интегритет на Либан и да се воздржи од копнена офанзива“.
Покрај овој разговор, прв меѓу двајцата лидери од минатото лето, Макрон разговарал и со либанскиот претседател Жозеф Аун и премиерот Наваф Салам.
„Ја нагласив потребата Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел и пошироко“, напиша францускиот лидер на „Х“.
„Со оглед на хуманитарната криза во јужен Либан“ од почетокот на војната на Блискиот Исток, „Франција ќе преземе итни иницијативи за поддршка на раселените либански граѓани“, додаде тој.
