Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Хамбург изјави дека е неприфатливо Иран да ги одобрува нападите на Хамас врз Израел и потврди дека Франција се обидува да утврди дали официјален Техеран е директно вмешан.
-Немам коментар за директната вмешаност на Иран за што немаме формален доказ, но јасно е дека јавните коментари на иранските власти се неприфатливи и дека најверојатно на Хамас му била понудена помош. Ќе останам внимателен во врска со ова прашање додека не имаме целосни разузнавачки податоци, рече Макрон на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.
Британските медиуми јавуваат дека Макрон и Шолц се согласиле дека Израел има право да се брани од напади на негова територија.
-Се надевам дека наредните денови ќе му овозможат на Израел да стави крај на секој напад на негова територија и успешно да ги ослободи заложниците, додаде Макрон.