Емануел Макрон синоќа разговараше со Џо Бајден и Володимир Зеленски, јави дописникот на МИА.
Шефот на француската држава му изразил сочувство на американскиот претседател, по смртта на новинарот од магазинот „Тајм“ во Украина. Исто така, „двајцата шефови на држави се согласија да ги зајакнат веќе преземените санкции против Русија, да ѝ дадат поддршка на Украина и заеднички да ги преземат сите иницијативи корисни за запирање на борбите“, се наведува во соопштението на Елисејската област.
Макрон, во разговорот со Володимир Зеленски „ја изрази целосната поддршка за неговата земја и детално ја објасни дополнителната помош што Европската унија одлучи да му ја даде на самитот во Версај. Двајцата шефови на држави разговараа за продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина. Тие ќе продолжат да се координираат во наредните денови“, се вели од Елисејската палата.