Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа се соочува со обновување на исламскиот тероризам и дека „сите европски земји се ранливи“, пренесува Танјуг.
„Вчера повторно го видовме тоа во Брисел, сите европски земји се ранливи“, рече Макрон.
Тој рече дека има „извесно враќање на исламскиот тероризам“, пренесува „ТВ БФМ“.
Макрон изрази солидарност со Белгија, каде вчера напаѓач, по потекло од Тунис, уби двајца и рани едно лице во предградијата на Брисел. Минатата недела во францускиот град Арас, млад човек по потекло од руската република Ингушетија уби професор и повреди две лица во средно училиште.