Американската потпретседателка Камала Харис вчера го прими Емануел Макрон во почетокот на државната посета, која треба да ги реши завчерашните обвинувања и, ако е можно, да ги намали актуелните тензии околу американскиот протекционизам, велејќи дека „Франција им е важен сојузник на САД“.

Таа го прими францускиот претседател срдечно и со заемни насмевки во седиштето на НАСА, каде што ја пофали соработката „заснована на демократски принципи и заеднички вредности“.

Макрон ги повика Франција и САД да соработуваат за да воспостават нови правила во освојувањето и истражувањето на вселената. Со него беа астронаутите Софи Аденот и Томас Песке.

Францускиот претседател на англиски рече дека овие заеднички демократски вредности треба да се применат и во вселената, која тој ја нарече „ново место за меѓународен судир“.

По посетата на НАСА, тој се среќава со американските законодавци за животна средина и конкретно со претставници на администрацијата на тема цивилни нуклеарни активности. Конечно, Џо и Џил Бајден ќе приредат интимна вечера за Емануел и Брижит Макрон, што е далеку од протоколот според кој Белата куќа денеска го пречекува францускиот претседател.

Двајцата претседатели треба да покажат унифициран став кон Украина, на која, најавуваат, ќе ѝ помагаат онолку долго колку што е потребно, нагласувајќи дека преговорите со Москва ќе бидат можни само кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе оцени дека треба.