Макрон изјави:
– Веројатно ќе биде потребна трета доза, но не за сите веднаш, туку во секој случај за најранливите и највозрасните
Неговата Влада се обидува да ја забрза програмата за вакцинација во Франција, бидејќи земјата се соочува со четвртиот бран на коронавирус и со улични протести против политиката за справување со Ковид-19.
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус вчера повика да се почека со довакцинација барем до крајот на септември.
Германија и Франција ќе продолжат со довакцинирање на населението од септември, игнорирајќи го повикот на СЗО да почекаат додека не се вакцинираат повеќе луѓе во светот.
Франција и Германија досега вакцинирале 64,5 проценти, односно 62 отсто од населението со барем една доза, додека 49 проценти од Французите и 53 отсто од Германците се ревакцинирани