Дополнителни средства ќе бидат искористени за борба против немирите во Франција, изјави претседателот Емануел Макрон. Изјавата тој ја даде по седницата на Владата за антикризните мерки.
Макрон го поздрави „брзиот и адекватен“ одговор на полицијата.
„Социјалните медиуми го поттикнуваат насилството“, додаде Макрон.
Тој ги повика платформите како Snapchat и TikTok да ги отстранат материјалите и корисниците поврзани со насилство во француските градови.
Властите во Марсеј забранија демонстрации на јавни места по синоќешните протести. Покрај тоа, денеска јавниот превоз ќе запре во 19 часот.