Во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална царинска стапка од 15 проценти, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција внимателно ќе ја анализира ситуацијата.

„Внимателно ќе ги проучиме точните последици, што може да се направи и ќе се прилагодиме“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека „најфер можните правила подразбираат реципроцитет, а не толеранција на еднострани одлуки“.

„Ако тоа помогне во смирувањето на ситуацијата, во ред. Мислам дека треба да се стремиме кон пристап што ги намалува меѓународните тензии и продолжува да ја модернизира нашата економија“, заклучи Макрон.