Лути граѓани, еден зад друг чекаат ред за вакцина.
Ова е денешната слика пред пунктовите, иако подолг временски период мал е бројот на граѓани кои се одлучуваат за имунизација.
Гужва пред вакциналниот пункт во Букурешт. Ама не заради зголемен интерес, туку поради тоа што паднал системот. Дел од граѓаните чекаат по половина час до час за да примат трета доза вакцина.
Некои од нив се откажаа и решија да си заминат.
-Сега ќе си одам, нема што да чекам, дојдов здрава за болна да си заминам?
Ретко паѓа системот, велат лекарите од пунктот, но уверуваат дека проблемот не е до нив. Оттаму апелираат граѓаните сепак да доаѓаат на вакцина, зошто ваквите ситуации не се чести, па со функционален „мој систем“ работата ќе ја завршат за десеттина минути.
На што се должат повремените испади на системот, од Мој термин, објаснување нема.
Инаку опфатот со две дози во Македонија е се уште низок, па изнесува 40% од целокупното население, а имунизирани се околу 50% од полнолетните граѓани.
Во однос на зголемување на интересот на вакцинација утре ќе дискутира и Комисијата за заразни болести. По одлуката на Грција Македонците да можат да се минат граница со европски сертификат за вакцинација, доколку не се поминати девет месеци од втората доза, членовите на Комисијата ќе разменат мислења и за сертификатите.