Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека смирувањето на тензиите на северот на Косово претставува „мала дипломатска победа“ за Србија.
„Треба да бидеме задоволни, не претерано… Никој од нас нема илузија дека се е решено со ова, но јас мислам дека постигнавме мала дипломатска победа“, изјави тој.
Вучевиќ додаде дека не е оптимист по однос барањето на Белград за враќање на дел од српските безбедносни сили на Косово.