Малолетничка приведена во Ѓорче Петров – инцидентот се случи рано утрово

Малолетничка (16) е приведена во Ѓорче Петров заедно со А.Ч. (18), двете од Скопје. Тие агресивно се однесувале кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија во раните утрински часови на 17.08.2025.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок против двете лица.