Јавниот обвинител предлага притвор

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) и Ќ.М. (28) од село Слупчане, Општина Липково за полов напад и силување, а првото лице и за уцена. Првоосомничениот извршил полови дејствија врз малолетна девојка и ја натерал да учествува во полови дејствија и со второосомничениот.

Н.А. ја уценувал жртвата со закана дека ќе објави експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра. Девојчето земало пари од дома и позајмувало од други лица за да му ги предаде.

Основното јавно обвинителство Куманово предложи притвор за двајцата осомничени, поради сериозноста на кривичните дела и исполнетите законски услови за лишување од слобода.

Истрагата продолжува, а обвинителството апелира за внимателно известување во јавноста и користење на официјални извори, за заштита на малолетната жртва.