Две малолетнички тешко повредени

На 4 октомври 2025 година, во 20:30 часот, во СВР Скопје е пријавено дека две малолетнички биле тешко повредени откако патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н. (76) од Скопје, удрило во нив.

Двете малолетнички се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

По настанот, извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје за утврдување на причините и околностите на сообраќајната несреќа.