Единаесет годишни малолетници од Тетово биле пријавени дека во тоалетот во училиштето каде следат настава оставиле список со имиња на нивни соученици со закани кон нив.
Припадници на СВР Тетово вчера извршиле разговор со нив во присуство на нивните родители, психолог и педагог, информираат од СВР Тетово.
Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани, велат од МВР.
Инаку по објавувањето на електронската адреса од страна на МОН на која родители и ученици можат анонимно да пријават насилство во училиштата за нецела недела пристигнале над 20 пријави.
МОН во соработка со надлежните институции ќе ги разгледа сите случаи, а ова е само една од мерките кои министерството ги најави во насока на спречување на насилството во училиштата по немилите настани во соседството.