Седумнаесетгодишник од скопско бил лишен од слобода во Полициската станица Центар, откако физички нападнал полициски службеник кој претходно се обидувал да му помогне бидејќи малолетникот бил повреден.
Според пријавеното, на 8 август 2026 година во 8 часот, граѓани пријавиле дека 17-годишникот агресивно и недолично се однесувал. На местото пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, кои забележале дека тој има повреди и се обиделе да му помогнат.
Во тој момент, малолетникот физички нападнал еден од полициските службеници.
По настанот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 17-годишникот во Полициската станица Центар.
