Вчеравечер околу 22:30 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, а кој претходно бил пријавен од 34-годишна тетовка дека околу 17 часот во влезот од станбената зграда во која живеела, се нафрлил на неа, поради што таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Малолетникот е предаден на претставник од Центарот за социјални работи, по што бил префрлен во соодветна установа во Скопје.

Се расчистува и документира случајот.