На 18.01.2023 во 00.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка- Тетово во близина на селото Лисец, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(20) од с.Копаница-скопско, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата, малолетен сопатник во возилото се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.