Вчера попладне во скопската населба Ѓорче Петров било приведено малолетно момче кое претходно физички ја нападнало сопствената баба, соопшти МВР. Малолетникот потоа и со остар предмет им се заканувал на бабата и на својот татко.
„На 06.04.2023 во 16.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров привеле малолетник од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна баба, а потоа со остар предмет упатил закани кон неа и неговиот татко“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.