МАН изразува сочувство до Република Туркије и пријателскиот турски народ за катастрофалната трагедија која се случи од ударот на силниот земјотрес од 7.9 степени по Рихтеровата скала во која животот го загубија најмалку 1900 луѓе, а над 6.000 лица се повредени.

– Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и поддршка на спасувачките екипи во овие тешки моменти за Република Туркије.

Истовремено, најавуваме дека МАН и Канал 5 ТВ, веќе организираме серија хумантирани активности за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес, велат тие.

Во таа насока, МАН ги повикува своите членови и медиуми да ги објавуваат на видни места и во ударни термини сите вести поврзани со укажување материјална и нематеријална помош за преживеаните во земјотресот.

1.Најпрво, ве известуваме дека во тек е отворање сметки за донации во Халк банка на кои од утре ќе можете да уплатите финансиски средства за помош на преживеаните и семејствата на настраданите, а бројот на сметките дополнително ќе го објавиме.

2.Воедно, од утре е отворен склад за материјални донации во дворот на поранешен Охис, на улица Борис Трајковски 75Б, (лице за контакт: Ѓуре: 071242170)

каде граѓаните и компаниите можат да донесат она што им е најпотребно на погодените во земјотресот:

– вода

– храна

– конзервирана храна

– млечни производи

– лекови

– топла облека

– ќебиња

– осветлување

– средства за лична хигиена

– батерии

– пелени

– бебешка храна

– горна и долна облека

– обувки

– екстерни батерии

– свеќи

Складот за материјални донации ќе биде отворен утре и во среда, а потоа донациите ќе бидат транспортирани во местата во Туркије каде е најпотребна.

3.Под покровителство на К5 ТВ ќе се одржи Телетон конференција на која сите граѓани ќе можат со свои јавувања за донираат финансиска помош на преживеаните во земјотресот и семејствата на настраданите. Телетон конференцијата ќе се одржи во недела на Канал 5 ТВ, а со јавување на телефоните кои ќе бидат на екраните, ќе донирате финансиска помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Туркије.

МАН и Канал 5 ги повикуваме сите јавни личности и општествено одговорни лица кои сакаат да учествуваат во Телетонот да се јават на следните емаилови:

desk@kanal5.com.mk

man.makedonija@gmail.com

или нека направат личен контакт со официјалните лица на МАН и Канал 5.

Република Туркије и турскиот народ се големи пријатели на Македонија и македонскиот народ и во овие тешки моменти, ние сме со нив.