Посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа, наведува претседателката на МАН Ивона Талевска.
Таа истовремено, ги повика медиумите да се воздржат од сензационализам при известувањето за оваа трагедија.
– МАН ги повикува медиумите при известувањето да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи, односно информирањето да биде ослободено од сензационализам и новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Воедно, информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави.