Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски:

„Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен.

Преку свиркачи, добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен.

Дали е точна информацијата, дека раководителката на одделението за буџетска контрола во Еразмус +, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?

Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен.

Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од останатите кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?

Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција, кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.

Затоа, народот кога ќе ја слушне кратеницата СДС, првата асоцијација им е криминал и корупција.“

Преземено од Курир