16 жртви во Ласкарци, укината пресуда. 14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага. Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси. изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа последната линија на одбрана на системот што го создаваа со години. Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска и Африм Фидани се дел од малкумината судии и обвинители кои грчевито ги штитат од одговорност поранешните функционери на СДС и ДУИ, додаде во изјавата.

Манасиевски потенцира дека треба да одговара некој од нивниот круг, предметите се развлекуваат, истрагите се затвораат, а пресудите паѓаат. Тоа е причината зошто граѓаните не му веруваат на правосудството.

Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури. Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето на недопирливите мора да заврши. Одговорност мора да има за секого, порача Манасиевски.