Уценетиот Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија верувале или не ја славеше нивната победа на Евровизија. Филипче први антимакедонец, го достигнува врвот во политиката, и за спас на својата кариера и за да докаже дека е спремен на се за да дојде на власт, славеше победа на соседна држава на Евровизија, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да речеме и дека нема проблем со тоа, знаеме дека Венко Филипче први антимакедонец има свој автентичен стил на музика, но проблемот е во тоа што таа држава за која тој се радува, нас ни го негира идентитетот. Филипче први антимакедонец, гордо и со високо крената глава не ги осудува навредите на бугарските власти, бидејќи за него тие коментари се гордост и успех. Иако од Софија јасно велат дека уставните измени не се последното барање, Филипче уште утре би ги внел Бугарите во устав, за потоа пак да можат да не блокираат. Филипче први антимакедонец ќе направи се за да и наштети на својата држава, затоа што е уценет од група на бугарски политичари поради неговите криминали направени со Зоран Заев, рече тој.

Манасиевски посочи дека за среќа на граѓаните, Филипче први антимакедонец нема да може да ги исполни своите желби затоа што нема да дојде на власт.

-СДС е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. На следните избори може и да ги снема од политичката сцена, рече Манасиевски.