Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој денеска присуствува на петтата „Текстилијада“ во Штип вели дека веќе имаат стотици барања низ судовите во државата.

-Првите денови процесот тече одлично и тие ќе се издаваат на тој начин. Нов е системот, доколи има некои пречки на самиот почеток. Но, сега за сега и ажурирањето на податоците во Врховен суд, кое се прибира преку АКМИС системот и издавањето на овие потврди оди без проблем, Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред, изјави Маричиќ.

Информираше дека оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат. Наскоро ќе може по електронски пат да се добијат и изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност. Целиот процес на дигитализацијата на судството кој го води Министерството за правда, предвидува воведување информатичка технологија на сите 34 судови во земјава и во речиси 200 судници.