Од прв ден на владата на пиунот Ковачевски продолжија националните понижувања исто како да ја води Зоран Заев. Па така и Маричиќ и Ковачевски се оградуваат од Македонците во Бугарија и велат дека нема да се мешаат во малцинските права во Бугарија, а во исто време дозволуваат официјална Софија да им диктира промена на македонскиот Устав и внесување на Бугарите во неговата преамбула, стои во соопштението на ВМРО ДПМЕ.

Во продолжение целосното соопштение

Каде се Маричиќ и Ковачевски по истите принципи да побараат реципроцитет и да и порачаат на официјална Софија да не се меша во внатрешните работи на Македонија? Напротив, молчат и поданички се поклонуваат, а го газат и навредуваат својот народ во континуитет.

Впрочем Маричиќ може смени ресор, ама не смети табиет. Тој со акт како министер за правда го ограничи користењето на терминот Македонија за здруженија на граѓани и организации. Сега од прв ден во новиот ресор за евроинтеграции продолжува со активности кои наликуваат на ставовите на антимакедонските и негаторските субјекти од регионот.

Ова е бедно и срамно. Заевизмот ги загрозува македонските национални и државни интереси, затоа мора да биде поразен на избори што поскоро.