Германските истражители, посочи Маричиќ, пристигнаа вчера и сите институции се ставија на рапослагање да помогнат во истрагата.
– Вчера вечерта беше свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан, изјави Маричиќ.
Прашан кој дал техничка согласност за пуштање во употреба на болницата, Маричиќ рече дека тоа е сосема надвор од неговите надлежности и нема информации за тоа.