Маричиќ додаде дека е во секојдневна комуникација со тимот на Државниот завод за статистика.
-Заклучно со вчерашниот ден, од теренскиот попис се попишани 618.000 граѓани и тоа е за првите седум, осум дена се навистина сериозен резултат особено со оглед на тоа што имаше два дена технички проблеми коишто за среќа успешно ги надминавме, изјави Маричиќ.
Тој додаде дека за првпат се спроведува попис по оваа методологија со нова технологија, со современи технологии.
-Првпат спроведуваме попис без хартија и со таблети во коишто во исто време 5000 попишувачи внесуваат податоци. Нормално е кога за првпат правите нешто, кога за првпат е креирана таква аплликација и таков систем да се јават и технички проблеми. Тоа се случувало и во други држави, во Италија, и во други да не ги споменувам, имало поголеми застои, но пописот продолжува, изјави Маричиќ.
Тој наведува и дека со тимот на ДЗС, компаниите коишто ја спроведуваат апликацијата, МВР и Телеком со заеднички сили успеале да ги решат сите технички проблеми.
-Колку што знам, стратегијата на попишувачите е да бидат упорни до крај. Мислам дека имавме случаи кога граѓани коишто на почетокот одбиле, подоцна се попишале и увиделе дека операцијата тече добро, трае кратко, безбедно и по протоколи , изјави Маричиќ.