Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан.
Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес.
Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година.
На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ, сподели Маричиќ на „Фејсбук“.