Во фокусот на разговорите, информираат од Министерството за правда, ќе бидат заедничките приоритети на патот на евроинтеграцискиот процес, продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата во однос на спроведување на реформите во правосудството.
За време на престојот во Тирана, предвидено е Маричиќ да оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски и да го посети Македонскиот културен центар.