Украинските власти во пристанишниот град Мариупол денеска соопштија дека Русија го прекршила прекинот на огнот за време на операцијата за евакуација на цивили од металуршката фабрика „Азовстал“.
Според нив, руски војници отвориле оган врз автомобил кој одел кон фабриката за да ги евакуира цивилите. Во престрелката загина претставник на украинските сили. Повредени се шест лица.
„Непријателот продолжува да ги прекршува сите договори“, се вели во соопштението објавено од локалните украински власти во Мариупол.
Русија се уште не ја коментираше изјавата. Таа тврди дека нејзините сили не пукале врз цивили и предложи привремен прекин на огнот за да може да се евакуираат цивилите стационирани во Азовстал.