Италијанскиот фудбалер Марко Верати и во следната сезона ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен.
Тој во еден момент се поврзуваше со трансфер на Блискиот исток и за него беа заинтересирани Ал Ахли и Ал Хилал, но очигледно немаше намера да го напушти Стариот континент.
Од европските великани на моменти Верати се поврзуваше со трансфер во Барселона, Ливерпул или Челзи, но висината на откупната клаузула од 80 милиони евра беше главната пречка за евентуално заминување од француската престолнина.
Верати со Пари Сен Жермен има договор до 2026 година.