„Од 9-ти ноември до 9-ти декември се прогласи кризна состојба во траење од еден месец со цел да можат да закрепнат двете државни енергетски компании, кога се инфилтрираа од буџетот 4 милијарди денари. А, потоа истата таа кризна состојба се продолжи од 9-ти декември до 9-ти јуни.

Значи во Собранието се изгласа Уредба и Одлука со која држават е во кризна енергетска состојба баш од таа причина за да се избегнат рестрикциите, но да може секој недостаток на пари да се вбризгува во овие две еенргетски компании, мислам на ЕСМ односно поранешно ЕЛЕМ и на МЕПСО. Причината зошто ние вака бурно реагираме е затоа што појавата на зголемувањето на цените на берза е некаде од август 2020-та година. Но, заради тоа што имавме предвремени парламентарни избори некако позицијата не сакаше да реагира на нашите укажувања дека се случуваат турбуленции и проблеми на пазарот на електрична енергија“, истакна Елена Маркова Велинова, претседател на Комисија за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ во емисија на Телма телевизија.

Маркова Велинова додаде дека во тој период не се знаеше дали ќе се прогласи кризна состојба. Во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека се можни рестрикции доколку се нема пари, се нема и можност да се купи, и постоеше можност за рестрикции. Меѓутоа откако се прогласи првата кризна состојба од 9-ти ноември до 9-ти декември и се вбризгаа пари кај компаниите веќе беше јасно дека нема да има рестрикции но затоа ќе има скапа струја.

„Во моментов ние имаме состојба во која електричната енергија ја има на берзите, но е многу скапа. Од таа причина велам причини за рестрикции нема, но еве што се случи, сведоци сме 9.48% зголемување, укинување на дневната евтина тарифа“, појасни Маркова Велинова.

Маркова Велинова посочи дека парите кои што недостасуваат да се приберат од граѓаните директно преку сметките ќе се дадат преку буџетот, а тоа се пак пари на граѓаните.

„Ние се соочивме со еден сериозен проблем што кога на берзите пораснаа цените, нашето домашно производство драстично беше опаднато. Нашето домашно производство на електрична енергија кое што е негде со средна цена од 55 евра за мегават на час, зборувам за државната компанија ЕЛЕМ денешно ЕСМ, когаа таа би била во добра кондиција таа би требала некаде 70 до 75% од вкупната побарувачка на домашниот пазар да ја покрие. Меѓутоа во 2020-та година ЕЛЕМ произведе само 3.600 гигават на час што е скоро за 50% помалку од она што било во 2011-та година. Јас верувам дека во 2021 година тоа ќе биде и помалку, немаме се уште официјални податоци“, рече Маркова Велинова.

Маркова Велинова укажа дека токму тоа е првата причина зошто Македонија има голем проблем со струјата.