Одлуката е одговор на „брзото ширење“ на Омикрон, особено во Европа и Африка, објаснуваат здравствените власти. Тие наведуваат дека редовно ќе ја проценуваат состојбата за доколку има потреба да се менуваат мерките.
Сојот наречен Омикрон од Светската здравствена организација (СЗО), ги доведе во прашање глобалните напори за борба против пандемијата бидејќи постои стравување дека Б.1.1.529 е многу заразен, што поттикна многу земји повторно да воведат мерки. Оваа нова варијанта има најмалку 10 мутации, за разлика од Бета која има три или Делта со две мутации.