Повредени патници и реакција на итните служби
Две лица се лишени од слобода вечерва, откако повеќе патници беа избодени во воз кој патувал кон Кембриџшир, информира британската сообраќајна полиција.
Инцидентот се случил во воз на компанијата „Лондонска североисточна железница“ (LNER), на линијата за Хантингдон. На местото на настанот реагирале повеќе од 30 вооружени полицајци по повикот до итните служби.
Се уште не се објавени детали за бројот на повредени или сериозноста на нивните повреди. Портпаролот на Итната помош на Источна Англија потврдил дека повеќе пациенти биле пренесени во болница, откако здравствените служби интервенирале на железничката станица Хантингдон.
Изјава на британскиот премиер
Британскиот премиер, Кир Стармер, се огласи на социјалната мрежа Х, оценувајќи го настанот како „длабоко загрижувачки“:
„Страшен инцидент во воз блиску до Хантингдон предизвикува голема загриженост. Моите мисли се со сите погодени. Им се заблагодарувам на итните служби за нивната брза реакција“, напиша Стармер.
The appalling incident on a train near Huntingdon is deeply concerning.
My thoughts are with all those affected, and my thanks go to the emergency services for their response.
Anyone in the area should follow the advice of the police.
— Keir Starmer (@Keir_Starmer) November 1, 2025
