Маск, според извештајот поднесен до регулаторот, продал речиси 3,6 милиони акции на „Tesla“, во износ од околу четири милиони долари, и уште 934.000 акции за 1,1 милијарда долари, за да ги покрие даночните обврски откако ги искористил опциите за купување на речиси 2,2 милиона акции.
Продадените 4,5 милиони акции сочинуваат околу 3 отсто од неговиот сопственички удел во производителот на електричните автомобили, значително помалку отколку што извршниот директор навестуваше на Twitter, прашувајќи ги пријателите дали треба да продаде 10 отсто од својот удел во компанијата. Повеќето одговорија потврдно.
Продажбата на акциите со опција за купување беше најавена во септември со планот за тргување коj им овозможува на шефовите на компаниите однапред да ги најават трансакциите.
Не е јасно како е и дали воопшто планот за тргување е поврзан со анкетата на Маск на Twitter. Од „Tesla“ не одговорител на барњето за коментар од агенцијата Reuters.
Маск има уште повеќе од 20 милиони опции на акциите кои истекуваат во август следната 2022 година.
Акциите на „Tesla“ пораснаа во четвртокот за 3,6 отсто во електронското тргување во САД, пред отворањето на берзите. На берзата во Франкфурт добиле на вредноста 4,7 отсто, а беа втори на листата според прометот на трговската платформа Lang&Schwarz.
-Причина е закрепнувањето на акциите што се чини дека има систем во неговото лудило. Тој се погрижи пазарот да сфати дека акциите не ги продал само од хир, ниту затоа што тоа му го кажале неговите пријатели на Twitter. Одлуката самиот ја донел (пред анкетата) и е одобрена, смета аналитичарката Дани Хевсон.