По масовниот шротест во Атина, грчката полиција приведе 220 лица, од кои 73 се уапсени, а во инцидентите повредени се над 60 лица. Протестите се одржаа по повод втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 луѓе.
Две години по трагедијата во Темпи: Утре генерален штрајк низ Грција, нови сознанија во истрагата
Насилни судири по протестот
По мирниот дел од собирот, групи демонстранти пред спореден влез на грчкиот парламент нападнаа полицајци со молотови коктели, камења и метални предмети. Полицијата реагираше со солзавец, шок-бомби и топови со вода за да ја разбиe толпата.
Голем број повредени и штета
Грчката полиција соопшти дека во нападите се повредени 29 полицајци, додека 34 граѓани побарале медицинска помош поради повреди и проблеми со дишењето. Меѓу приведените има и членови на навивачки групи од атинските клубови.
Фотографии од дрон покажуваат масовен одзив на граѓаните, кои ги исполнија централните улици на Атина. Протестите и последователните инциденти денеска се главна тема во грчките медиуми.
Извор: Миа