МАСОВНА АКЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ВО СРБИЈА
Студентите кои учествуваат во блокадите низ Србија за утре, 28 декември, најавија масовна акција за собирање потписи од граѓани со цел распишување предвремени парламентарни избори, објави Н1 Србија.
Акцијата се реализира во рамки на иницијативата „Прогласи победа“, во чии рамки низ целата земја ќе бидат поставени повеќе од 400 штандови во над 100 општини. На тие локации, граѓаните ќе имаат можност директно да ги поддржат барањата на студентите.
Студентите информираат дека списокот на локации и точните времиња на собирите е објавен на веб-страницата studenti.org.rs/raspisi, при што нагласуваат дека страницата редовно се ажурира и ги повикуваат граѓаните да ја следат за најнови информации.
„Дојдете и заедно да прогласиме победа! Потпишете ја одлуката! Бидете контролор. Учествувајте во подигањето на свеста во вашата област. Од недела продолжуваме заедно!“, стои во објавата на студентите.
Н1 потсетува дека и претходно овој месец студентите организираа собирање потписи со иста цел – повикување на предвремени парламентарни избори.
МАСОВНА АКЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ВО СРБИЈА
