Полицијата опремена со палки и штитови, растера неколку илјади луѓе кои денеска се собраа во Амстердам да протестираат против епидемиолошките мерки.
Градоначалничката Фемке Халсема издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот плоштад откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири.
Холандија ненадејно се затвори на 19 декември, кога владата одлучи да ја забрани работата на продавниците, рестораните, фризерите, спортските сали, музеите и другите јавни места до 14 јануари.
Како и другите европски земји, Холандија го стори тоа за да го спречи бранот на омикрон.