„Хезболах“ со ракетен напад врз фабрика за експлозиви во Израел. Групата забележа дека три пати го гранатирала објектот, како и аеродромот во близина на Кибуц Мегидо.
На чија страна се Хезболах и Иран?
Хезболах и Иран се клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад и се борат на негова страна од почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година.
Израелците повторно по засолништа: Хезболах се озмаздува за вчерашното убиство на висок функционер
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека милициите лојални на Иран се собираат во централниот сириски град Палмира и пустинските области за да ги заменат борците на Хезболах кои се повлекуваат.
Хезболах го евакуирал седиштето во Палмира
Според организацијата, Хезболах го евакуирал седиштето во Палмира и се повлекол од околните области. Се вели дека штабот им бил предаден на припадниците на авганистанската бригада Фатимијун. Други милиции зазедоа складишта за оружје во областа.
Мониторинг центарот забележува дека во изминатите неколку дена единиците на Хезболах во Сирија тргнале кон сириско-либанската граница по интензивирањето на израелските напади врз Либан.
Израел изврши масовни воздушни напади врз цели на Хезболах
Илјадници пејџери и воки-токи користени од членовите на Хезболах беа кренати во воздух минатата недела. Израелски напади погодија и предградие на Бејрут во воена кампања против високи членови на движењето.
Вчера Израел изврши масовни воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, при што загинаа неколку стотици луѓе, а над илјада беа повредени.