Утре на Денот на здравјето, 7 април, матичните лекари повторно ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство, од 12 ч. до 12 часот и 30 минути.
Од здружението на приватни лекари порачуваат итните пациенти да одат во службата за итна помош. Ова е третпат како тие ќе го изразат своето незадоволство, бидејќи како што велат здравствените власти немаат слух за нивните барања.
Клучните барања на матичните лекари е да се направат законски измени со кои пациентите нема да се водат на име на лекар, туку на здравствената установа во која работат, да се предвиди полесен пристап до лекови на хронично болните пациенти, како и покачување на капитацискиот бод од 63 на 90 денари по пациент, според кој фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари.