-Резервите со кои се започна грејната сезона се катастрофални. Сезоната е почната, а вториот блок во РЕК Битола е во ремонт, третиот блок допрва треба да се санира – изјави поранешниот директор на РЕК Битола, Спиро Мавровски во Студио 10.

-Кога имате еден блок на мрежа, е проблематично, а граѓаните тоа ќе го платат. По Нова година ќе има драстично покачување на електричната енергија. Можните енергетски ресурси кај нас се мизерни, кажа Мавровски во разговорот за Студио 10.