На 08.10.2022 во 20:58 часот Б.Ф.(33) од с.Кондово, скопско, пријавил дека на балконот од неговата куќа се здобил со повреда од заталкан куршум, по што му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.